62
Вчеравечер (6 март) околу 22 часот и 50 минути во Полициската станица Тетово е задржан 25-годишниот Л.Ф. од тетовско Доброште, кој претходно бил лишен од слобода во Полициската станица за граничен премин Аеродром Скопје.
Тој се сомничи дека на четврти овој месец противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген голф“ во Тетово, сопственост на 65-годишниот тетовец С.Б.
Се расчистува и документира случајот, по што Л.Ф. ќе се соочи со соодветен поднесок.