Во рамки на акцијата „Безбедно лето“, во периодот од 29 јули до 2 август 2022 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога, СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, СВР Охрид и СВР Гостивар, привеле 20 лица во преземени заеднички координирани активности со цел откривање на лица сторители на кривични дела од областа на недозволената трговија со наркотични дроги.
Како резултат на преземените активности на наплатна рампа Гостивар, при извршена контрола на лица и возила на 29.07.2022 во 18.00 часот, од слобода се се лишени 24-годишните А.А., В.Т., А.П., С.Т., сите од Скопје, затоа што кај А.П. била пронајдена ќеса со марихуана.
– Истиот ден во 18.45 часот полициски службеници ги лишија од слобода Б.Д.(26), К.Ј.(28), А.В.(27), Г.М.(27) и М.Р.(27), сите од Скопје, затоа што при преглед на возило со кое се превезувале, кај К.Ј. биле пронајдени две ќеси марихуана и едно пакување кокаин. Од страна на Одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основно јавно обвинителство Гостивар против А.П. и К.Ј. се поднесени кривични пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Гостивар им е изречена мерка куќен притвор во траење од 30 дена, соопштија денеска од МВР.
На 30.07.2022 во 10.30 часот од страна на инспекторите од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје лишени од слобода се: Б.Х.(19), Б.С.(21) и К.И.(26), тројцата од Скопје, бидејќи при преглед на возило со кое патувале кај Б.Х. две ќесички марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во истиот период од страна на полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, во содејство со полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево беа преземени мерки и активности во угостителски објекти и за време на уметнички настани-концерти на подрачјето на Охрид, со цел ефикасно откривање на кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и со оддавање на уживање на наркотични дроги, при што биле приведени осум лица.
– Така, на 29.07.2022 во 22.15 часот во близина на поранешната касарна, за време на одржување на музичка манифестација, кај М.Ј.(20) од Охрид била пронајдена ќесичка со кокаин. Во 23.15 часот кај 17-годишник од Охрид била пронајдена марихуана. На 30.07.2022 во 23.30 часот во близина на РЦ Запад, кај В.П.(32) од Скопје била пронајдена марихуана. Истиот ден, при контрола во угостителски објект во 23.50 часот, при преглед кај М.М.(18) и 17-годишник, двајцата од Скопје, кај М.М. била пронајдена марихуана, појаснуваат од МВР.
На 31.07.2022 околу 00.20 часот Охрид за време на музичка манифестација, кај И.М.(19) од Битола пронајдени биле еден куршум една чаура, а во 22.00 часот кај Ф.Н.(22) од Битола била пронајдена таблетка, а кај К.А.(22) од Штип била пронајдена марихуана. Лицата се приведени и по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.