Апсење на ГП „Богородица“, маж се обидел да побегне од полицијата

by Fokus

На граничниот премин Богородица полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од гевгелиското село Негорци и Н.И.(26) од Гевгелија. При царинска контрола во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу пет килограми марихуана.

Како што информира МВР, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници. Лицата се предадени на Царинската управа за натамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости