493
На Граничниот премин „Богородица“ вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода З.Л.(33) од Чешка.
При извршена пасошка контрола, информираа денеска од МВР, било констатирано дека неговата патна исправа била фалсификувана, односно биле направени промени во датумот на важноста.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик