199
Специјалното полициско одделение на црногорската полиција по наредба на Специјалното државно обвинителство утрово уапси неколку лица во Будва.
Уапсени се членови на организирани криминални групи, дознава „Вјести“ од Подгорица.
Поради апсење членови на мафијашкиот клан, утрово беа блокирани неколку улици во Будва.
Според податоците на „Вјести“, извршени се претреси во повеќе станови и куќи.