Апсење кај Железничката станица во Скопје

by Fokus

МВР информира дека вчера во 15.00 часот на улица „69“, во близина на скопската Железничка станица, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.А. (43), А.Б.(32), Р.Р.(55) и Г.Б. (44), сите од Скопје, бидејќи кај нив биле пронајдена поголемо количество разновидни производи без соодветна документација.

Тие биле приведени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 278-б од Кривичниот законик за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

По целосното документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани новости