586
Во текот на вчерашниот ден кај локалитетот „Хераклеа“ биле уапсени три лица, информираат од МВР.
„На 11.07.2022 на место викано „Сива вода“ кај археолошкиот локалитет Хераклеа, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.М.(34) од Скопје, М.М.(30) и С.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.