567
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на подрачјето на Центар денеска го лишија од слобода Ф. П. (70) од Скопје, за кого била распишана централна потерница за издржување казна затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР, информираат дека Ф.П. бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.