272
Apple се согласи да плати 25 милиони долари за да ги подмири барањата на американското Министерство за правда дека незаконски ги фаворизирала работниците имигранти пред американските граѓани и сопствениците на зелени карти за одредени работни места.
Министерството за правда откри дека Apple го прекршил федералниот закон кој забранува дискриминација врз основа на државјанство, пренесува Ројтерс.
Apple ќе плати 6,75 милиони долари во граѓански тужби и 18,25 милиони долари на неодреден број засегнати работници.
Компанијата тврди дека „немало намера да не се следат стандардите на Министерството за правда“, пренесе Танјуг.