553
На денешната владина седница направени се уште неколку кадровски промени, со што неколку директори беа разрешени од своите функции.
Според соопштението од владата, за нов директор на Државниот завод за статистика е назначен Апостол Симовски. Разрешена е Лидија Костовска. Владата за нов Директор на Агенцијата за администрација го именуваше Спасе Глигоров. Разрешена е Жаклина Николовска.