Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во вестите на Телма рече дека очекува спроведениот попис да покаже околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат државјанство, но не се потпишале.
Пописот завши во септември, а за обработката на податоците ќе биде потребно време од половина година.
– Тоа е обработка која мора да трае извесен период. На претходните пописи најрано беа година и пол, а некои траеја по две години. Шест месеци е краток период, изјави Симовски.
Податоците ќе се знаат дури кога ќе завршат сите фази на обрабоптка. „Статистика“ има преставки за десетици граѓани до МВР коо одбиле. да се попишат. Тие што не биле дома, ќе бидат пронајдени преку регистрите.
Пописот опфати 1.833.000, а дополнително 205.000 се регистрираа во странство.