Јасна Михалинец, жената која беше позната како поим за манекенство во поранешна Југославија, ненадејно починала во вчера во Загреб. Веста за нејзината смрт ја објавија хрватските медиуми, а јавноста се сеќава на убавата Јасна, која своевремено беше заштитно лице на голем број на југословенски брендови.
Таа се појави на сцената кон крајот на 60-те години на минатиот век, во списанија, на модни ревии, но и како актерка во повеќе филмови. Со манекенството продолжи и во 70-те години, и беше една од најбараните на модните писти на ревиите на тогаш доста популарните југословенски конфекции.
Иако имала бројни предвидувања за успешна кариера надвор од Југославија, таа останала во Хрватска. Се омажила за Стипе Белобрк, кој во тој период бил еден од ретките машки манекени во земјата. Со него ги добиле ќерката Ања и синот Филип. Најпознатиот филм во кој се појави е ,,Попладнето на еден фазан”, каде глумеше покрај Раде Шербеџија.
Вики Клинчарова