По „Титаник“, Ацевски побара оставки од Мицкоски, Милошоски, Јанушев и сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот ‘Титаник‘ е потврда за сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв кој го сееше режимот. Ова јавно признание значи само едно – ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните, а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни. Се потврди дека се она што го говоревме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотреби на избирачкиот список, за секоја друга форма на изборно насилство – било точно. Јавно признание од главните соработници на Груевски, патронот на Мицкоски за злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ е потсетник дека не смееме никогаш повеќе да ни се повтори оваа партија на власт“, изјави Костадин Ацевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Таков е Антонио Милошоски, кој е член и на Извршниот комитет, таков е Игор Јанушев.  Поголем проблем е што останатите инволвирани во овој случај сѐ уште не ја признаваат вината а очигледно е дека се длабоко инкриминирани. Како Илија Димовски кој секојдневно настапува во име на партијата. Христијан Мицкоски, кој беше советник на Груевски и негов генерален секретар треба да излезе пред граѓаните и јавно да им се извини“, рече тој.

„Го повикуваме Христијан Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки и да се повлечат.

Второ, по вчерашните признанија, ги повикуваме сите останати од овој случај, но и другите осудени во други случаи да понесат одговорност и признаат вина како нивните колеги. Тоа е добро за демократијата, за партијата и конечно за граѓаните.

Трето, итно да прекинат со притисоци врз судството кои постојано ги прават со цел да се спасат од прогон или ги намалат казните.

Четврто, сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира ќе остане истата партија која ја киднапираше државата“, додаде Ацевски.

Поврзани новости