Алијансата за позитивна Македонија смета дека новото парламентарно мнозинство треба веднаш да донесе одлука дека конститутивната седница нема воопшто да се прекине и нема да има паузи се додека не се избере претседател на Собранието.
„Секој пратеник има право на збор, реплика и контра-реплика, и да зема плата за својата работа, но во исто време секој пратеник има и обврска и одговорност да го почитува Уставот, да ги воспостават институциите на државата и да ја почитуваат волјата на граѓаните сега искажана преку новото парламентарно мнозинство. Без тоа да го средат пратениците немаат право на паузи, не би требало „мирно на спијат“ и не би требало да земаат плата“, се наведува во соопштението на Алијанса.
Алијансата за позитивна Македонија смета дека според Уставот, Република Македонија е без Влада со мандат уште од распуштањето на Собранието на 17 октомври 2016 година, а веќе четврти месец е без претседател на Собранието, како втора најзначајна функција во државата.
„Имајќи во предвид дека и претседателот Иванов на неколку пати го прекрши Уставот на Република Македонија, јасно е дека државата се наоѓа во вонинституционална состојба уште од 30 декември 2016 година, кога не се заврши конститутивната седница на Собранието“, се вели во рекцијата на Алијансата за позитивна Македонија.