Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше за најновите владини одлуки. Тој рече дека и во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории на граѓани.
До крајот на овој месец домаќинствата со ниски приходи може да аплицираат за субвенционирање на сметките за струја. Јавниот повик веќе е објавен на веб-страницата на Министерството за економија, а за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари.
„Согласно програмата за самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство со два члена до 25.000 денари и за домаќинство до три члена до 30.000 денари, намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари“, информираше министерот.