Апелациониот суд во Гостивар го врати на повторно судење предметот на политичката партија Алијанса за Албанците и ги прифати жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари, соопштенија од Алијанса за Албанците.
„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, велат од партијата.