Апелациониот суд денеска ќе ги разгледува жалбите на СЈО

by fokus

Во Апелациониот суд за денеска се закажани неколку седници на коишто ќе се разгледуваат жалбите на Специјалното јавно обвинителство.

Откако Кривичниот суд не ги прифати барањата за притвор и на обвинетите во случаите што ги отвори СЈО, и им одреди поблаги мерки, од СЈО покренаа повеќе жалби. На седниците не е исклучено да се разгледуваат евентуални жалби и на одбраната.

Во судот денеска треба да се појават и уредникот Драган Павловиќ Латас обвинет во случаите „Тотал“ и „Тревник“, како и новинарката Ивона Талевска обвинета во случајот „Титаник“.

Вчера во Апелациониот суд се разгледуваа жалбите за случајот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Поврзани новости