441
В понеделник Апелациониот суд на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска која се жали на одлуката на Кривичниот суд да и биде продолжен куќниот притвор, објави Теллевизија 24.
Апелација се уште нема одлучено и по жалбите на пратеникот Љупчо Димовски кому исто така му беше продолжен куќниот притвор и на режисерот Борис Дамовски кој повеќе од месец и половина е во притвор во Шутка. За останатите осомничени за насилството што се случи на 27 април, Апелација ги одби нивните жалби за укинување на мерката притвор.