Апелациониот суд Скопје соопшти дека жалбите на Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мунир Пепиќ за пресудата во случајот познат во јавноста како „Титаник 1“ делумно се уважуваат. Со оваа одлука на Апелација пресудите на Основнопт кривичен суд Скопје се преиначуваат во делот на кривичната санкција
„На обвинетиот Мартин Протоѓер, кој со првостепената пресуда е огласен виновен за кривично дело Повреда на слободата на определување на избирачите му се изрекува алтернативна мерка – условна осуда , така што определената казна затвор со првостепената пресуда за наведеното кривично дело во траење од 1,5 години се зема за утврдена и истовремено се определува дека истата нема да се изврши ако обвинетиот за време од 5 години сметано од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“, стои во одлуката на Апелацискиот суд која е донесена на 18 мај годинава.
Осудата на казна затвор на Гордана Јанкуловска, која е виновна за кривично дело Повреда на слободата на определување на избирачите и за Повреда на избирачкото право Апелација и изрече алтернативна условна осуда.
„Така што определените казни затвор со првостепената пресуда за наведените две кривични дела во траење од по 1 – една година се земаат за утврдени, па со примена на одредбите од член 44 од Кривичниот законик и се утврдува единствена казна затвор во траење од една година и осум месеци и истовремено се определува дека истата нема да се изврши ако обвинетата за време од пет години 5, сметано од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело “, стои во одлуката на Апелација.
Алтернативна мерка условна казна Апелација му одреди и на Мунир Пепиќ кој со првостепената пресуда е огласен виновен за кривично дело Повреда на избирачкото право .
„Изречената казна затвор со првостепената пресуда за наведеното кривично дело во траење од една година се зема за утврдена и истовремено се определува дека истата нема да се изврши ако обвинетиот за време од пет години сметано од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Апелација ја потврди затворската казна на Миле Јанакиески, но ја намали и му го засмета времето поминато во притвор и куќен притвор. Тој со првостепената пресуда е огласен виновен за кривично дело Повреда на слободата на определување на избирачите за кое му е утврдена казна затвор во траење од една година и за кривично дело Уништување на изборен материјал, за кое му е утврдена казна затвор во траење од три години.
„Определените казни се земаат за утврдени, обвинетиот се осудува на единствена казна затвор во траење од 3,5 години во која му се засметува и времето поминато во притвор сметано од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година, како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор“стои во одлуката на Апелација.
Апелација ги одби жалбите на обвинетиот Коста Митровски се одбива како неосновани.
Во одлуката на Апелација стои дека во останатиот дел првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, освен по однос на кривичното дело Злосторничко здружување, се потврдува.
Од Апелацискиот суд велат дека жалбите се поднесени во април годинава, а пресудата е донесена во мај по оддржана јавна седница.