Апелација спаси нарачател на бомбашки напад од 9 години затвор

by fokus

Пред четири години, во 3.30 часот, додека речиси сите спиеле, кумановци на нозе ги крена неочекувана бука од експлозија на бомба. Бомбата, со југословенско потекло, експлодирала на тераса на семејна куќа на двајца братучеди, а била „наменета“ за едниот од нив.

Освен големата материјална штета, за среќа, при експлозијата не настрадал никој од членовите на две семејства во домот.

Набрзо по инцидентот, полицијата и обвинителството ги откриваат „бомбашите“, односно нарачателот, посредникот и извршителот на нападот, а кумановскиот суд, со цврсти докази в рака, им досудува високи затворски казни.

И кога двете нападнати семејства мислат дека отсега ќе можат мирно да спијат, стигнува нова „експлозија“ од Апелација. Ја укинува првостепената пресуда и почнува ново судење. За кумановскиот суд криминалното сценарио е јасно како ден, па затоа по втор пат се носи иста пресуда. Но, набрзо следува нова, поразорна детонација, и тоа повторно од второстепениот скопски суд.

Поточно, овие судии правдата ја земаат во свои раце, носат мериторна одлука, и пресекуваат дека нарачателот е непресметлив, па наместо да одлежи речиси девет години во затвор, го пуштаат на задолжително психијатриско лекување, но не во психијатриска установа, туку на слобода.

„Фокус“ открива како бизнисменот дојде до слобода и во чиј судски двор „експлодира“ судската пресуда.

Пишува: Валентина Вурмо

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости