Апелација потврди, три години затвор за Вранишковски!

by fokus

Апелација ја одби жалбата на Вранишковски како неоснована, а ја потврди и пресудата за останатите 18 обвинети, меѓу кои  се и мајката и сестрата на расчинетиот владика од МПЦ, кои добија условни казни од две години.

Според обвинението, Вранишковски и неговите соработници преку купување имот проневериле околу 240 илјади евра во периодот од 1998 до 2002 година.

„Од Здружението за унапредување на граѓанските и верски слободи Анастасија с. Нижеполе, Битола се конфискува, во корист на оштетената Македонска православна Црква, непосредна и посредна имотна корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари во износ од 4.940.400,00 денари. Исто така од обвинетиот И.П.  се конфискува во корист на оштетената Македонска православна Црква имотна корист прибавена со кривичното дело во вредност од 8.595.571,00 денари што се состои во недвижен имот – земјиште“, информираат од Основниот Суд Скопје 1.

Ослободувањето на расчинетиот владика Јован Вранишковски беше поставено како услов од Српската православна црква за продолжување на преговорите со МПЦ.

 

Поврзани новости