Апелација потврди – Јанева останува во Шутка

by Fokus

Апелацискиот суд денеска и официјално донесе одлука дека Катица Јанева останува во Шутка. Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена. Но апелациските судии се воделе до фактот што сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредено поблага мерка. Поради завршената истрага и новите околности нејзините адвокати најавија дека ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспитра одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.

Катица Јанева од 21 август е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“. Освен неа осомничен е и Боки 13 кој исто така е во Шутка и Зоран Кичеец, кој е во домашен притвор откако Обвинителството за организиран криминал и официјално соопшти дека истрагата е завршена.

Поврзани новости