На 4 ноември е закажана седницата на Апелациониот суд на која ќе се одлучува за затворската казна на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, на кој Кривичниот суд во март годинава му пресуди три години затвор.
Мијалков беше осуден за примање награда за противзаконито влијание, односно дека преку лидерот на ДПА Мендух Тачи, побарал да му наложи на сопартиецот од ДИК Бедредин Ибраими да гласа за поништување на гласање во Струмица.
Во првостепената пресуда што ја донесе Кривичниот суд во март годинава Тачи беше осуден на три години и два месеци, Бедредин Ибраими доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, додека членовите на ДИК Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска добија по 3 години затвор.
На барање на СЈО, судот тогаш им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. По 60 дена поминати во куќен притвор, Мијалков и Ибраими беа пуштени на слобода до правосилност на пресудата.