Апелација му ја намали казната на Владимир Талески

by Fokus

Апелација му ја намали казната на екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески за една година за предметот „Транспортер“.

-Обвинетиот В.Т. е осуден на казна затвор во траење од 7 – седум години,пишува во соопштението на Апелација.

Поранешниот секретар на општина Битола Слободан Бончановски, исто така доби намалување на казната, па од шест години сега треба да одлежи 5 години и шест месеци.

„На обвинетите Ј. И., С.М.,А.Ш.,Д.Г.,А.С., О.С.,Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, в.в. со ст.1, а в.в. со чл.24 и чл.45 од Кривичниот законик, им изрече алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2-две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 – пет години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело“, велат од Апелација.

 

Поврзани новости