Кривичниот суд повторно треба да одлучува по понудената гаранција од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, со која бараше да се брани од слобода, а по одлука на Апелациониот суд.
-Судијата на претходна постапка го отфрлил барањето без да се впушти во оценка на истото, иако во меѓувреме се смениле некои околности, на пример беше поднесено обвинение. Затоа го враќаме барањето назад во Кривичниот совет за да одлучи мериторно, изјави за „Фокус“ судијата Сафет Кадриу.
Кривичниот совет нема рок во кој би требало да одлучи, но бидејќи станува збор за притвор, би требало одлуката да биде донесена набрзо.
Јанева се уште се наоѓа на болничко лекување во „Филип Втори“, а во текот на денот треба да биде вратена во истражниот затвор „Скопје“. Таа бараше да излезе од притвор, а како гаранција понуди три стана.
В.В.