Апелациониот суд ја укина ослободителната пресуда за Драган Павловиќ Латас, на кој му се судеше за случајот “Тревник” на СЈО.
Од Апелација за “Фокус” ја потврдуваат информацијата и додаваат дека предметот веќе е испратен во Кривичниот суд, каде што треба да се закаже повторено судење.
Латас и неговите браќата се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.
Според судијката Марија Клетничка обвинетите браќа се ослободуваат од обвинение за бесправо градење, односно не се виновни, бидејќи како што рече не сториле кривично дело според закон.
Таа при објавата на пресудата појасни дека од суштествено значење е што никоја од институциите не реагирале, односно не утврдиле дека се градат дивоградби. Потоа објектите биле впишани, а никој не го оспорил нивното впишување во Катастиар.
-За овие објекти постои одобренија за градба од 24 јануари 2013 година, и никој не ги оспорил, рече судијката Клетничка.
На Латас и на неговите браќа, според кривичното дело за кое беа обвинети им се закануваше казна затвор од три до осум години.
По укинувањето на првостепената пресуда на браќата повторно ќе им се суди.
Валентина Вурмо