435
Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди првостепеното решение со кое е одбиено обвинението против пет судии на Управниот суд, потврдија за МИА од Судот.
Специјалниото јавно обвинителство покрена обвинение против петтемина судии од Управниот суд за злоупотреба на службената положба, а во врска со серија изборни нерегуларности пред, за време и по локалните избори во 2013 година.