385
Апелациониот суд ја одби жалбата на Панче Ангелов, осуден на четири години затвор затоа што ја нападна и повреди кубејќи ја за коса тогашната пратеничка, Радмила Шекеринска, при насилството во Собранието на 27-ми наприл минатата година.
Ангелов бараше Апелација да му ја преиначи затворската казна во условна. Со тоа е потврдена пресудата која ја изрече Кривичниот суд.