728
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески останува во домашен притвор, откако Апелацискиот суд ја одби неговата жалба за укинување на притворот.
Инаку, куќниот притвор на Јанакиески му е определен за случајот Шпански скали, за кој истрагата е завршена, а обвинителството поднесе обвинение до судот.
Покрај него, во Шпански скали обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастарот, нотар и бизнисмени, кои, според обвинителството, предизвикале буџетска штета од 2,64 милиони евра.