Апелација ја одби жалбата на Дамовски и на шестмина други обвинети за „крвавиот четврток“

by fokus

Апелацискиот суд во Скопје ги одбил жалбите на седуммина обвинети за настаните од 27-ми април. Шестмина обвинети се во притвор, додека еден од нив, режисерот Борис Дамовски, е во куќен притвор.

Со ова скопска Апелација ги потврди решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

На мерката куќен притвор се жалеше режисерот и еден од организаторите на здружението „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за „крвавиот четврток“. Според денешната одлука на Апелација, жалбата му е одбиена и останува во куќен притвор.

Меѓу осомничените чии притвори ги потврдила Апелација се Душко Лазаров од МВР и Горанчо Ангелов од велешкото здружение „Ќосето“. Вчера Апелација потврди дека во притвор во „Шутка“ остануваат и началниците во МВР, Митко Пешов и Оливер Поповски.

Поврзани новости