Апелација го одби барањето за изземање на судии- продолжува маратонската расправа за „27 април“

by Frosina Fakova

Судскиот совет на Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за изземање на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска од јавна расправа во овој суд по жалбите за пресудите за случувањата на 27 април.

По одбивањето на барањето, јавната расправа, што ќе трае три дена, продолжи со читање на пресудите.

Расправата почна со речиси двочасовно задоцнување, по што беше дадена пауза со цел Советот да се изнесе по барање за изземање на судиите.

Во образложение на барањето адвокатот Звонко Давидовиќ изјави дека законот е многу јасен и оти во него стои дека ако судија во истиот суд решава и донел одлука што може да се побива со жалба, не може да биде и судија во предметот.

 

Поврзани новости