Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по однос на мерките куќен притвор и им определи 30-дневен ефективен притвор на ексдиректорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор на Клиниката, Нехат Нухи.
Ова следува по денешната јавна седница во скопска апелација на која се расправаше по жалбите на мерката куќен притвор за Васев и Нухи.
Обвинителството за двајцата побара укинување на куќниот и определување притвор.
Апелацискиот суд Скопје попладнево преку соопштение информира дека е уважена жалбата на Обвинителството и дека на ексдиректорот Нино Васев и поранешниот организациски директор на Онкологија, Нехат Нухи, им се определува мерка 30-дневен притвор.
Во соопштението се наведува дека на обвинетите Н.В. и Н.Н. им се укинува куќниот притвор поради основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување,измама во службата и проневера во службата.