Апелација: Две години затвор за Кежаровски

by lali

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок. Пресудата на Апелација попладнево е испратена во Основниот суд Скопје 1 од каде се очекува јавно објавување.

Со првостепената пресуда Кежаровски беше казнет со четири и  пол години, а сега со двојно помалата казна практично до некаде му се покрива притворот. Тој првично зад решетки, а потоа во домашен, ја брои втората година од која му остануваат само три месеци. Дали сега ќе мора да ги одлежи тие месеци како затворска казна или ќе се најде начин Кежаровски да не оди во затвор, ќе мора да се почека официјалната пресуда на Апелација за да се види одлуката за притворот. Во Основниот суд, со оглед дека е изминато работното време, за утре оставија да соопштат како ќе се постапува околу притворот.

Освен што некои од казните се намалени, има и такви кои се потврдени, но има и делови од првостепената пресуда кои се укинати, како на пример кривичното дело „поткуп“ на судијата Иле Танев и Џими Хофман.

Во процесот Ликвидација беа осудени екс- судијатра Валентин Зафиров на 5 и пол години, обвинителот Ивица Ефремов на четири и  пол години, пензионираниот судија Борис Николовски на една година, Јане Павловски на една и пол година, екс- судија Сашко Лазаров со една година и Џими Хофман со една и  пол година.

Во соопштението на судот, објавено пред малку се наведуваат казните одредени од повисокито суд:

На обвинетиот Иле Танев му утврдил единствена казна затвор во траење од една години и шест месеци затвор. На обвинетиот Валентин Зафиров му утврди казна во траење од две години и шест месеци затвор. Обвинетиот Томислав Кежаровску му утврди единствена казна во траење од две години затвор. На обвинетиот Ивица Ефремов му утврди единствена казна во траење од три години затвор. На обвинетиот Борис Николовски му утврди алтернативна мерка условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните три години не стори ново кривично дело. На обвинетиот Сашо Лазаревски му утврди алтернативна мерка условна казна од една година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните три години не стори ново кривично дело.

Воедно Апелациониот суд, ги уважи жалбите на обвинетите Иле Танев и Сабедин Џими Хофман за крвичното дело примање поткуп од член 357 од КЗ така што предметот го врати на повторно постапување и одлучување само во овој дел.

Поврзани новости