Апел до хуманитарните организации да организираат помош за поплавените во Бугарија

by Фокус

Невладината Цивил апелира до Црвен Крст и други хуманитарни организации во  Македонија да организираат хуманитарна помош за населението и подрачјата настрадани во поплавите во соседна Бугарија.

„Убедени сме дека голем број граѓани на нашата земја се подготвени да ја покажат својата хуманост и овојпат, како и во тешките денови за населението на Србија, Босна и Хрватска. За тоа да се случи, потребно е да се организира таквата помош во материјални добра, како и отворање телефонски линии за парична помош. Ја потсетуваме владата да ја ослободи од данок паричната помош за нашите соседи“, се вели во соопштението.

Поврзани новости