Пратеникот Димитар Апасиев, зборувајќи за новата влада, рече дека во неа има двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тој не ги спомна со име, но им ги спомна ресорите, во кои се препознаа Венко Филипче и Никола Димитров.
Димитров го нарече „министер за ЕУ-фундаментализам“, а Венко Филипче „министер за задгробен живот“, а додаде дека Филипче му бил советник на познатиот „министер за смрт“.
Заевизмот го нарековме највисок стадиум на груевизмот, истакна Апасиев и го цитираше античкиот филозоф Ксенофонт.
-Тогаш беше заробена држава, а сега е хибриден режим според Ксенофон, преку четири елементи кои ние ги имаме. Имаме доминација на приватните и бизнис интереси, значи концентрација на богатство и моќ, второ имаме арбитрарнст и страховлада, третата одлика е напната и нездрава заверничка атмосфера, и последната одлика е некадарна администрација составена од чинвници и подлизурковци кои ќе доведат до здивена корупција, образложи Апасиев.
Тој заврши со реченицата, „шарената револуција не беше предавничка, туку беше предадена“.