Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, жестоко го критикуваше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон неговата партија.
„Настраниот однос помеѓу ДПМНЕ и Левица најарно го опиша пратеникот Крмов. Ми вика, брат, се осеќам како во некоја мазохистичка веза со овие, каде ние како некоја домаќинка го јадеме ќотекот, ама за доброто на фамилијата (државата) не го пријавуеме мажот у полиција!? Значи, ставот на ДПМНЕ вис-à-вис Левица е следниов – ние кога ве плукаме е за доброто на нацијата. Вие кога се браните – не! Ние кога ве местиме во закони е, исто така, за доброто на нацијата. Вие кога се буните – не. Мрш бре таму, копуци“, напиша Апасиев на фејсбук.
Ова следува откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја повика Левица да соработуваат на локалните избори, но Апасиев ја одби таквата понуда.