Апасиев: За укинување на апанажата гласаа само 16 пратеници, епа чорба Македонче

by fokus

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил објави дека само 16 пратеници гласале за укинување на апажата на јавни функционери.

Предлог законот беше поднесен од Левица со објаснувањето дека најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа.

-За укинување на АПАНАЖАТА на јавните функционери гласаа само 16 пратеници. Толку е постот. #ЕпаЧорбаЕпаМакедонче #ПакДаСиГиГласате, напиша Апасиев.

Последно по заминувањето од функцијата апанажа побараа поранешните министри, Мила Царовска, Радмила Шекеринска и Никола Димитров.

Поврзани новости