519
Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти, коментира пратеникот Димитар Апасиев откако Антикорупциска вчера утврди дека синот на Талат Џафери положил правосуден пред да дипломира.
-Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти ❤️
Ах, тие прекрасни ‘европски вредности’, напиша Апасиев.
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на вчерашната седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.
-Еве и да положил правосуден, пред да дипломира. Тоа не го прави помалку способен обвинител, коментираше Апасиев.