992
Конечно се разбравме, одиме. Црвено Скопје црвени знамиња – вака лидерот на Левица Димитар Апасиев и официјално го претстави Петар Георгиевски за кандидат за градоначалник на Скопје.
Aктерот, музичар и басист на групата „Меморија“ Георгиевски, познат како Перо Камиказа, пред неколку дена на фејсбук објасни што го мотивирало да влезе во изборна трка:
„Оние деца кои се родени во независна Македонија, кои од прилика имаат од 18 до 30 години, мене ме познаваат само 13 отсто, а Шилегов 65 отсто ?!?! Токму овој факт беше причината за која се колебав овие денови да ја финализирам мојата кандидатура за градоначалник…“.