Апасиев за блокираната сметка на Левица во Eуростандард банка: Парите се битни, но не се најбитни

by Fokus
Гледам восклик од ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираната голема сума ПАРИ на Левица во пропаднатата Еуростандард банка. И не им фаќам за зло. Тоа се таков калибар ситнобуржујски луѓе кои мислат дека парите се сè во животот. И затоа имам огромна жал за нив, реагираше на својот фејсбук профил, лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.

„Ние сме учени без пари. Онака, баш герилски и партизански. Во тоа, всушност, лежи нашата сила! Уште пред повеќе од една деценија, почнавме буквално од нула да градиме автентично политичко движење, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата. Нас никогаш не ни е страв, пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина. Оти сме троскот. Не можете нас да нè искорнете! Во тоа е нашата незгодност. Ние сме тие лоши, ЦРНИ, малечки гадови! Проклет да бидам, таква ни е ѕвездата. Кај и да одиме, се бориме со милион интриги. Нè ловат како некои ѕвериња. Ама па и ние, проклет да бидам, и ние не се даваме! Чуден некој сој сме! – напиша Апасиев.

Тој порача на сите стари и нови членови, симпатизери и сограѓани – „Имам само една порака: Не паѓајте во духот! Парите се битни, но не се најбитни. Лавината наречена Левица веќе е невозможно да биде запрена“.

Поврзани новости