1.1K
„ТАЧИ ќе ме тепа, ТЕЧЕ ќе ме брани“ – вака лидерот на Левица Димитар Апасиев реагира на заканите на лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој претходно изјави дека не се појавува на дискусии во Собранието, бидејќи ќе треба да го истепа Апасиев.
-Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик – рече Тачи на ТВ Клан.
Заедно со кусата реакција на фејсбук, Апасиев објави и фотографија, во чија позадина пишува: „Нека дојде кој сака“.