Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев во Собранието се појави со маица со ликот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и изрази поддршка против неговата екстрадиција во САД.
Викиликс објави доверливи документи во 2010 година, докажувајќи ги злосторствата извршени од САД во Ирак и Авганистан.
Асанж, кого САД го обвинија за шпионажа и бараа негова екстрадиција, побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон во јуни 2012 година, а неговата екстрадиција во Шведска беше на дневен ред за тужбите поднесени против него, под обвинение за силување и сексуално вознемирување.
Оттаму, Асанж на 11 април 2019 година беше приведен и уапсен поради „прекршување на условите за ослободување со кауција“ и ставен во затворот Белмарш во Лондон.
По рочиштата, САД, чие барање за екстрадиција беше одбиено на 4 јануари 2021 година, поднесе жалба на одлуката.