Пратеникот од Левица Димитар Апасиев реагираше на денешната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за насилството на вчерашниот протест. Апасиев истакна дека проблемите ги направиле уфрлени провокатори од Агенцијата за национална безбедност.
„Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме “прочитани” и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон! Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија)“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Тој повторно повика на масовност на протестот кој вечерва ќе почне исто така во 19 часот.