Ја прочитав внимателно програмата и биографиите на министрите и тоа се најзалудно потрошени четири часа во мојот живот, рече од собраниската говорница лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев коментирајќи го експозето на мандатарот, Христијан Мицкоски.
-Во три реда на пет места има Република Северна Македонија. Барем да се обидевте, како ние, да протневте Република С. Македонија. Требало наместо Република Северна Македонија, да напишете Република Северина Македонија оти го издупивте народот за тоа што му ветувавте, рече Апасиев.
ВМРО-ДПМНЕ во кампањата остро го критикуваше новото уставно име, а сега Мицкоски кажа дека ќе го почитува уставното име во институциите, но не и во изјавите.
Апасиев смета дека новата владеачка партија „става погрешни луѓе“ во ресорите.
-Секогаш кога ВМРО-ПМНЕ се на власт имаат најголеми влади – гломезна влада, африканска влада. Во неа имате голем број вицепремиер и само три жени. Сите сте глумци во Владата. Имате и еден косовски шпион во Владата и веднаш ќе му реферира на Курти, рече меѓу другото пратеникот од опозицијата.
Според него, во програмата има само десетина добри работи и сите се препишани од Левица.