781
По вчерашната драма во Собранието, лидерот на Лeвица, Димитар Апасиев, вели дека сега треба да е појасно зошто неговата партија се залага за отповиклив мандат.
-Сега сфаќате зошто Левица се залага за ИМПЕРАТИВЕН (отповиклив), наместо за слободен (неотповиклив) мандат!
За да нема купи-продај-уцени пратеници, мора да може оној кој ти го дал мандатот (народот/партијата) – и да ти го земе, ако не ја следиш програмата/линијата за која си избран, вели Апасиев.
Тој додава и дека тешко на таа Влада на која и требаат мафијаши и киднапери за да ја одржат на власт.
-Не оди далеку и долго, заклучува Апасиев.