Апасиев со цитат од Кастро: Нема да коалицираме со партии кои имаат дамки во своето работење!

by fokus

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку цитат на Кастро, најави дека нема да коалицира со партии кои имаат било каква дамка.

-Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“, напиша Апасиев на фејсбук.

Пред два дена, Апасиев на прашањети дали „Левица“ ќе ги повика своите гласачи да поддржат некој од кандидатите за градоначалници во вториот круг, Апасиев рече ќе чекаат да бидат викнати на преговори.

-Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак, партиското раководство, Президиумот е тој што ќе ја донесе одлуката. Во меѓувреме ќе свикаме седница на Централниот комитет на која ќе треба да ги испегламе сите овие прашања и ќе го определиме курсот на нашето натамошно делување. Но, евидентно е опозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме, подвлече Апасиев и додаде дека тие се за постизборни коалиции.

Поврзани новости