1K
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на денешната прес-конференција истакна дека програмата ќе биде испечатена, но тоа нема да биде пред кампањата. Како што додава тој, според анкетите Перо Камиказа влегува во втор круг.
„Нашиот став е да не влегуваме во коалиции со никого пред избори, а после избори може да се преговара. Меѓутоа тоа е за мнозинство во Советот, каде нашите анкети велат дека советници од Левица ќе има околу 10тина, што значи дека ќе биде респектабилна бројка. Ние не преговараме со никого, ниту со СДСМ, ниту со ВМРО, ниту со ДУИ или Алијанса, тие веќе си направија коалиции“, рече Апасиев.