Претседателот на Левица, Димитар Апасиев со очи на изборниот молк на Фејсбук објави дека синот на Петре Шилегов поседувал луксузен деловен објект во новоотворениот трговски центар Ист Гејт.
-Лузерите Шилегов и Заев го токмеле и форсирале отворањето на Ист Гејт, да биде баш пред вториот изборен круг – за да прокнижат некое поенче, ко божемски, демек еве ние “инвестираме”. И се тоа ќе си беше ОК, да не ја дознавме веста дека синот на скопскиот Крадоначалник во заминување, на свои 20-на години, поседува дури 350 квадрати екстра луксузен деловен објект, баш у тој нов мол!?
Случајно, нели. Додека вие немате да им дадете на вашите деца 100 денара за на голем одмор, нивните се милионери уште неиспилени!
Имајте го ова на ум во недела, кога ќе ги куткаме од власта овие корумпирани хоштаплери! #ЗаевизмотМораДаПадне, напиша Апасиев.