Димитар Апасиев од Левица обвини дека Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски лажел дека има два доктората. Според него, Рашковски во своето CV кое е објавено на страната на Владата пласирал лажен податок за своето образование.
„Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 (на стр. 30) – се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли „одбранет докторат“!? Според Правилникот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години“, пишува Апасиев на Фејсбук.
Тој вели дека до денеска, Рашковски го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот.
Генералниот секретар на Влада на Република Македонија лажел дека има ДВА ДОКТОРАТА!Драги Рашковски, кој на функцијата…
Publiée par Димитар Апасиев sur Lundi 4 juin 2018