Се гледа странско влијание кај премиерот во целата оваа кампања, дури и вордингот им е англо-саксонски, што значи имаат најмено некоја пи-ар агенција која што ја демонизира Левица сите овие месеци наназад“, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев во вчерашното гостување на ТВ 24.
Како што истакна првиот човек на Левица, премиерот Ковачевски е еден од најбогатите политичари кај нас, додавајќи дека неговите приходи може само да ги сонува.
„За разлика од Левица, на ниту една листа на пратеници го нема премиерот како понуден на изборите, тој е еден политички анонимус, кој што гледаме дека се сликал и со Груевски. Ковачевски претставува висока класа од тие еден процент најбогати. Во неговиот анкетен лист има три стана, две коли, заштеди во банка од 250.000 евра, приходи од капитал од 65.000 евра и ова се износи кои јас, што живеам само од плата, можам да ги сонувам“, вели Апасиев.